6.8 C
Скопје
07:07 - 31 март, 2026

Попоски најавува ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ, до 20 степени, пролет среде зима – проверете кога

– Под влијание на нов влажен но и ПОСТУДЕН бран од север, денес и тоа особено попладне и вo вечерните часови ќе има нови врнежи од дожд. На планините над 1500 м.н.в и тоа особено во западните предели ќе има врнежи од СНЕГ. Инаку се до крајот на оваа седмица повремено ќе има врнежи од дожд и тоа од локален карактер.
НАЈАВА ЗА КРАТКОТРАЈНО НО И ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО КОЕ ЌЕ ДОНЕСЕ НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА И ДО ОКОЛУ 20 СТЕПЕНИ: Од утре до сабота нашата територија ќе се наоѓа под влијание на изразено јужно и југозападно воздушно струење кое ќе услови НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ температури за овј дел од годината. Истите тие денови ќе се искачуваат во интервалот од 12 до дури 19 степени. Од утре исто така ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Исто така овој топол бран за овој период од годината ќе услови и транспорт на прашина и песок од Сахара кон нашата територија.
БИОМЕТЕО: Поради наглите промени на временската состојба кај нас, но и поради ГОЛЕМОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ кое накратко ни доаѓа, кај метеопатите се можни ПОГОЛЕМИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ (проблеми со притисокот, лошење, главоболка и сличо). Доколку граѓаните овие денови осетат поголеми здравствени проблеми ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јават кај својот матичен лекар – известува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....