11:37 - 8 април, 2026

Попоски најавува до кога ќе имаме променливо и свежо време

Во Македонија се до крајот на оваа, како и во текот на следната седмица ќе се задржи променливото време со повремени врнежи од дожд, особено во западните предели. Локално и тоа особено во петок попладне, како и во почетокот на следната седмица ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Интензивни врнежи и тоа под влијание на циклонска активност од запад се очекуваат во почетокот на следната седмица.

Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Останува свежо за овој период од годината, со потпросечни температури на воздухот. Наутро температурите на МНОГУ МЕСТА ќе се спуштаат и под 10 степени, максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени. Во сабота максимумот на температурата во централните и во југоисточните предели ќе се искачи до околу 25 степени.

Во Скопје и околината исто така останува променливо времето со повремени врнежи од дожд и со умерен ветер од југоисточен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет а температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 17 и 20 степени.

Топол Африкански бран кој доликува за овој период од годината се уште нема на видик, и за истиот ќе се изначекаме-вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо
Се вчитува....