13.8 C
Скопје
21:12 - 26 март, 2026

Погребана мајката на Гога Секулиќ, поранешниот сопруг не се одвојува од неа

Мајката на српската пејачка Гога Секулиќ е погребана денеска на гробиштата во Сремчица. Нада Секулиќ почина пред два дена, како што објави Гога на својот Инстаграм. Со пејачката цело време биле нејзиниот поранешен сопруг Урош Домановиќ, како и нејзиниот татко и сестра.

Иако пред неколку години одлучија да стават крај на бракот, Урош уште еднаш покажал дека на Гога ќе ѝ биде најголема поддршка и секогаш покрај неа.

Семејството, најблиските пријатели и колегите се собрале да оддадат последна почит.

Гога претходно емотивно ја објави веста за смртта на нејзината мајка на Инстаграм, каде што се збогува со трогателни зборови:

„Саканите никогаш не умираат…“, напишала таа, меѓу другото, во некрологот, изразувајќи колку ѝ била важна нејзината мајка и каква загуба доживеала.

На погребот, многумина се собрале да ѝ дадат поддршка на пејачката и нејзиното семејство во овие тешки времиња. Во текот на изминатите денови, Гога добила бројни пораки со сочувство и утеха од колегите и пријателите од естрадата, што сигурно ѝ помогнало да ја ублажи болката поради смртта на мајка ѝ.

Слични објави

Како девојче – Јелена Розга ги „запали“ социјалните мрежи со фотка од Калифорнија

Е.А.

Испливаа детали за раскинувањето: Откриено што точно ѝ пресудило на врската меѓу Лука Дончиќ и Анамарија Голтес

Еспресо

10 години без Маринко Маџгаљ: Пријателите со солзи во очите се присетија на „принцот со незаборавна насмевка“

Е.А.

(Фото) Јована Јеремиќ затекна необична сцена пред својот стан: „Љубов пред мојата врата“

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ ги покажа сестра си и баба си: „Велат дека сум иста како неа“

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо
Се вчитува....