17.8 C
Скопје
12:26 - 13 март, 2026

Почина ѕвездата од „Теоријата на Биг Бенг“, Боб Њухарт: Актерот остави зад себе четири деца и десет внуци

Почина американскиот комичар и актер Боб Њухарт, кој е најпознат по хит серијата „Теоријата на Биг Бенг“ (The Big Bang Theory(. Имаше 94 години.

Познато е дека Њухарт починал во својот дом во Лос Анџелес по кратко боледување. Пријателите и колегите сè уште не можат да поверуваат во оваа загуба и на социјалнте мрежи напишаа сочувство до семејството.

„Од неговите револуционерни стенд-ап дела до два класични ситкоми, тој правеше да се смееме за цел живот. Навистина единствен. Ти благодариме, Боб Њухарт“, напиша актерот Марк Хамил, кој глумеше како Лук Скајвокер во франшизата „Војна на ѕвездите“.

Инаку, актерот остави зад себе четири деца и 10 внуци.

Њухарт ја започна кариерата во 1950-тите, кога почна да работи во хумористична емисија на телевизија. Интересниот начин на зборување и пелтечењето го направија сензација. Подоцна почна да глуми во филмови.

Светот го освои со главната улога во хит филмот „Елф“.

инстаграм

Потоа дојде улогата на очувот на Сузан Мајер во серијата „Очајни домаќинки“. Но, серијата „The Big Bang Theory“, во која тој го играше професорот Артур Џефрис, му донесе уште поголема популарност.

Во текот на својата речиси 70-годишна кариера, Боб доби многу престижни награди. Поточно, три Греми, Еми и Златен глобус. Исто така, неговиот албум од 1960 година, The Button-Down Mind of Bob Newhart, стана првиот комедијален албум на врвот на Билборд листата и го зазеде второто место на листата на најпродавани албуми во Велика Британија.

Слични објави

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin

(Фото) Азис си ги покажа новите гради по операцијата: „Сега одам гордо, навистина се чувствувам посебно“

Еспресо

Животот е убав: Пере од „Нокаут“ сподели редок спомен за Кили

msp-admin

„Мислев дека умирам“: Болна исповед на пејачката Александра Младеновиќ за тешкиот период

Еспресо

Хороскоп за 13 март: Раковите ги очекува нова работа, Скорпиите ќе ги откријат новите идеи на партнерот

Еспресо
Се вчитува....