13:56 - 12 април, 2026

Почина ѕвезда на Нетфликс: Имаше само 26 години, причините за смртта за сега непознати

Смртта на актерката беше објавена вчера од нејзината менаџерска компанија.

Јужнокорејската актерка и модел Јунг Чае-Јул (26) е пронајдена мртва во својот дом. Смртта на актерката беше објавена вчера попладне од нејзината менаџерска компанија, а деталите за нејзината смрт се уште не се објавени.

– Мораме да ви соопштиме тажна вест која скрши срца. Чае-јул не напушти на 11 април – се вели во официјалното соопштение на МК Њуз.

Актерката се прослави со улогата во серијата на Нетфликс „Zombie Detective“, како и со „I Have Not Done My Best“ и филмот „Deep“.

Јунг Чае-Јул требаше да глуми во долгоочекуваната драма на корејска продукција Wedding Impossible, а по објавата за смртта на младата актерка, продукцијата одлучи да го одложи снимањето.

Агенцијата Менаџмент С откри дека погребот ќе се одржи во најтесен круг по желба на семејството.

– Љубезно ве замолуваме да се воздржите од ширење гласини и шпекулативни извештаи во оваа насока – рекоа тие.

Слични објави

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.
Се вчитува....