12.8 C
Скопје
17:07 - 27 февруари, 2026

Почина Стојан Андов (89) – првиот претседател на Собранието на независна Македонија

На 89 годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов.

Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година.

Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот на републиките и покраините и член на федералната влада во три мандати, каде се забележува неговата улога на преговарач во контактите на поранешна Југославија со експертите на ЕЕЗ (1971-1987 г.);

Се сметал за извонреден познавач и експерт на економските прашања, како и политичар ориентиран кон пазарната економија. Бил амбасадор на поранешна Југославија во Ирак (1987-1991 година).

Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше Либералната партија до спојувањето со поранешната ДП 1997 година, кога стана претседател на Советот на новоформираниот политички субјект;

По обновувањето на Либералната партија на Македонија, беше избран за член на нејзиниот Извршен комитет;

Избиран е за потпретседател на Либералната интернационала.

На првите повеќе-партиски избори 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година. На вторите повеќе-партиски избори 1994 година, повторно беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и за претседател на Собранието – должност што ја извршуваше до март 1996 година;

Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и на последните избори (1998 година);

Како пратеник, претседател е на Комисијата за монетарна и кредитна политика и банкарство на Собранието на Република Македонија;

Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори 1999 година;

На 30 ноември 2000 година беше избран за претседател на Собранието на Република Македонија.

Слични објави

(Фото) „Иста е како мајка ѝ“: Преубавата ќерка на Моника Белучи блесна на насловна страница

Еспресо

„Мајко, ти си мој херој“ : Трогателна порака од синот на Николина Коваќ откако му роди брат

apostolova

Бресквица се сели: Во тајност гради нов дом во Белград

E.A.

(Фото) Миле Китиќ се соблече, луѓето изненадени од неговиот изглед: „Како успеваш?“

Еспресо

(Видео) Марко ја однесе Луна на Малдиви за 30. роденден: „Мојот маж си го исполни ветувањето“

Еспресо

„Се бори за живот, срам да ви е“: Ана Николиќ јавно им се закани на оние што оставаат негативни коментари за Ивица Дачиќ

Еспресоѝ
Се вчитува....