7.8 C
Скопје
10:37 - 1 април, 2026

Почина режисерот што го нарекуваа „словачки Фелини“, беше прогласен за најдобар на 20 век

Почина словачкиот режисер Јурај Јакубиско, кој беше прогласен за најдобар филмски режисер на 20 век.

Јакубиско почина синоќа на 84 години во чешкиот главен град Прага, каде што живееше со своето семејство. Тажната вест ја објави тамошното Министерство за култура.

Јакубиско има десетици долгометражни и кратки филмови кои освоија голем број награди на меѓународните филмски фестивали. За неговите филмови, полни со метафори, симболи и поезија, понекогаш го нарекуваа „Фелини од Истокот“ или „Словачки Фелини“ по славниот италијански режисер Федерико Фелини.

Овој славен режисер е роден во денешна Словачка, дипломирал на Прашката филмска школа во 1966.  Дебитирал со „Круцијални години“ кој доби големи пофалби од критичарите, а голем успех имаше и со „Дезертери и аџии“ (1968) и „Птици, сираци и будали“ (1969).

Тој го освои своето место како дел од чехословачкиот нов бран во кинематографијата заедно со голем број други млади режисери од тоа време, меѓу кои и Милош Форман и Вера Хитилова.

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....