22:11 - 7 септември, 2026

Почина познатиот тиктокер, Ренди Гонзалес – неговиот син ги расплака фановите со емотивна порака

По долга и тешка битка со ракот почина познатиот тиктокер, Ренди Гонзалес, татко на шестгодишниот Брајс, кој на социјалните мрежи е познат како „Enkyboys“.

Извор близок до семејството изјавил за ТМЗ дека Ренди починал во средата наутро во болница, откако се борел со рак на дебелото црево.

Тиктокерот ја објави веста за неговото здравје уште во април, кажувајќи им на фановите дека му била дијагностицирана болеста околу 6 месеци порано и дека му преостанале 2-3 години живот.

Потоа изјави дека хемотерапијата може да му го продолжи животот за уште 5 години.

Тој и неговиот син, Брајс, ја користеа својата платформа на социјалните мрежи за ширење на свеста за ракот на дебелото црево и продолжија да стекнуваат сериозна популарност благодарение на нивната блескава динамика татко-син.

На нивниот заеднички профил малиот Брајс со емотивен статус се прости од својот татко.

„Со голема тага ја објавуваме смртта на мојот татко Ренди Гонзалес. Татко ми имаше долга борба со ракот и конечно е во мир со  Господ. Би сакал да им се заблагодарам на сите за убавите зборови и сочувство. Тоа навистина значи многу. Посакувам да те гушнам и да те бакнам уште еднаш, тато, но знам дека ќе не чуваш мене, мама и девојките. Додека не те видам повторно тато. Ветувам дека ќе те направам горд. Те сакам“, пишува во објавата.

 

Слични објави

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо
Се вчитува....