19:15 - 30 јануари, 2026

Почина „највалканиот човек на светот“: Не се капел 60 години

Иранецот Аму Хаџи, кого го нарекуваа „највалканиот човек на светот“, почина на 94-годишна возраст. Својата неславна титула ја заслужи со тоа што не се бањаше долги 60 години.

„Највалканиот човек на светот“ почина во неделата во Иран, јавија локалните медиуми.

Хаџи не се истуширал повеќе од половина од својот живот, одлука што му ја наметнал стравот дека ако го стори тоа ќе се разболе. Меѓутоа, непосредно пред неговата смрт, мештаните од неговото село наводно го принудиле да се избања.

Иранецот имал аверзија кон сапун и вода, а велел дека ја мрази и самата помисла да се капе.

Хаџи го избрал овој ексцентричен начин на живот откако во младоста доживеал „емоционални падови“, по што се дистанцирал од сите. Поголемиот дел од својот живот го поминал во селото Дејгах, во провинцијата Фарс во Иран. Загрижените мештани таму му изградиле колиба од цигли, гледајќи дека спие на отворено.

За неговиот живот во 2013 година е снимен краток документарен филм „Чудниот живот на Аму Хаџи“, но спорно е дали тој навистина го држи светскиот рекорд за најдолго време поминато без капење.

За тој рекорд се пријавија уште неколку луѓе. Познато е и кој би можел да го наследи Хаџи, а тоа е Индиецот Каилаш Синг кој во знак на протест не се бањал повеќе од 30 години.

Слични објави

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо
Се вчитува....