17:59 - 31 јануари, 2026

ПОЧИНА МЕРИМА ЊЕГОМИР: Познатата српска пејачка остави големи хитови

По кратко боледување, на 68-годишна возраст почина популарната пејачка Мерима Његомир, пренесуваат српските медиуми.

Мерима Његомир е добитничка на голем број награди, меѓу кои можеби најважна е наградата Вук за придонес во српската култура, како и наградата на РТС Златен микрофон, Повелбата на Здружението на џез, поп и рок музичари, Специјалната награда на Радио Белград за придонес во зачувувањето на традиционалната народна музика, наградата Царица Теодора во 2002 година и други.

Во 2019 година, Здружението на естрадно музичките уметници на Србија ѝ ја додели наградата животно дело. Од 1979 година до денес, учествувала на над четириесет и пет музички фестивали и освоила повеќе од дваесет први награди.

Нејзини најголеми хитови „Иванова корита“, „Рузмарин“, „Због тебе“, „Што је лепо кад се неко воли“, „Опило нас вино“, „Зелене су очи твоје“, „Бол болујем“ и многу други.

Како уредник на народната редакција на РТС, таа беше посветена на проекти поврзани со снимање, зачувување и промоција на традиционалната српска музика.

Слични објави

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova
Се вчитува....