6.8 C
Скопје
02:20 - 31 март, 2026

Почина легендарниот Корнелије Ковач, ни остави преубави евергрини

Познатиот српски музичар Корнелиe Ковач почина на 81-годишна возраст во Белград,  бил позитивен на коронавирус и бил хоспитализиран во болницата во Батајница.

Ковач беше пијанист и аранжер, а компонираше музика и за театар, филмови, телевизија и бројни популарни музичари и ансамбли.

Роден е во Ниш во 1942 година, а својата прва композиција „Пусти тротоари“ ја составил на 14-годишна возраст – во 1956 година. Станал член на популарниот сараевски рок-бенд „Индекси“ во 1966 година, а во 1968 година се преселил во Белград. Таму ја основал „Корни групата“, што 1974 година ја претставуваше Југославија на Евровизија

Соработуваше со Здравко Чолиќ, Мики Јевремовиќ, Лепа Брена, Неда Украден, Маја Оџаклиевска и многу други познати личности од овие простори.

Познат е по сингловите: „Северни ветар / Океан“ (1975 година), „Панорама / Александра“ (1978 година), „Квар / Жена“ (1979 година), како и албумите „Измеѓу светлости и таме“ (1977 година), „Why“ (1980 година), „Из другог филма“ (1982 година – филмска музика), „Самплд мунлајт“ (The Sampled Moonlight“ 1986 година), „Балкан“ (1993 година), „Корнелије Ковач“ (1994 година), „Moja генерација“ (1996 година).

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....