7.8 C
Скопје
10:05 - 1 април, 2026

Почина италијанската ѕвезда Тото Кутуњо, имаше 80 години, здравјето му се влошило во последните месеци

Италијанскиот пејач, музичар и текстописец Тото Кутуњо почина на 80- годишна возраст, јавија италијанските медиуми.

Пејачот на светски познатиот хит „L’Italiano“ од 1983 година починал во болница во Милано, каде бил хоспитализиран.

Веста за италијанските медиуми ја потврди менаџерот на пејачот Данило Манкузо, кој објасни дека „по долго боледување во последните месеци состојбата му се влошила“.

Кутуњо победи на бројни натпревари и фестивали низ Италија, а победи и на Евровизија во 1990 година во Загреб со песната „Insieme“.

На познатиот фестивал „Санремо“ учествувал 13 пати, првпат во 1976 година, со бендот „Албатрос“, кога го освоил третото место. Самостојната кариера ја започна во 1978 година.

Тој го освои „Санремо“ во 1980 година со песната „Solo noi“, а второто место го освои шест пати.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....