6.8 C
Скопје
03:14 - 19 март, 2026

Почина Боб Рафелсон, режисерот на Новиот Холивуд, соработник на Џек Никлсон и татко на култниот филм „Поштарот секогаш ѕвони два пати“

Неконформистички режисер од ерата на Новиот Холивуд, тој често соработуваше со Џек Николсон и придонесе за создавањето на The Monkees.

Боб Рафелсон, американски филмски режисер, сценарист и продуцент, почина во својот дом во Аспен, Колорадо. Неконформистички режисер од ерата на Новиот Холивуд, ја обезбеди својата слава со „Пет лесни парчиња“(1970), „Кралот на градините на Марвин“ и „Поштарот секогаш ѕвони двапати“. Имаше 89 години.

Роден во Њујорк на 21 февруари 1933 година, тој беше водечка фигура меѓу „бунтовниците“ кои го донесоа духот на психоделиците од 60-тите во Холивуд. Тој често соработуваше со Џек Николсон, воспоставувајќи плодно уметничко партнерство со него во повеќе легендарни филмови, како режисер но и како продуцент.

Рафелсон заработи номинација за Оскар за „Five Easy Pieces“ и го продуцираше големиот хит на Питер Богданович „The Last Show“ (1971).

Пред филмот, тој беше популарен џез-тапанар и радио диџеј. Преселувајќи се во Холивуд во средината на 1960-тите, постигна успех со телевизиската серија „The Monkees“ (1966), која ја напиша, режираше и продуцираше заедно со Берт Шнајдер.

Со Берт Шнајдер и Стив Блаунер ја основаше продукцијата Bbs, која ќе ги произведе познатите „Easy rider – Freedom and fear“ (1969) од Денис Хопер и „Five easypieces“ (1970), кој го режираше и напиша заедно со Керол Истман. Во филмот, кој е номиниран за 4 награди Оскар, Џек Николсон е скитник пијанист кој се враќа кај своето семејство за да се поздрави со својот татко на умирање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @edgarwright

Во последниве години, Рафелсон ја режираше криминалната приказна „Нема добро дело“ (2002),во кој главните улоги ги толкуваа Семјуел Џексон и Мила Јовович.

Пејачот и тапанар на „Monkees“, Мики Доленц, на Твитер му искажа трогателно збогум на Рафелсон:

„За жал, Боб почина синоќа, но имав шанса да му напишам порака за тоа колку вечно сум му благодарен што виде нешто во мене. Ти благодарам од дното на моето срце мој пријателе“, напиша тој раскажувајќи ја приказната за нивната прва средба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nathan Martin (@burlingame76)

Слични објави

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.

Откриено што рекол во обвинителството: Сослушан менаџерот на Здравко Чолиќ поради бомбата фрлена врз куќата на пејачот

Еспресо
Се вчитува....