21:01 - 14 септември, 2026

„По втората бременост, ништо не се врати како што беше“: Џенифер Лоренс сака да ги оперира градите

Џенифер Лоренс изјави дека планира да се подложи на операција на градите по раѓањето на своето второ дете по што ја објаснила причината за оваа одлука. Таа изјавила дека ништо не се вратило во „првобитна состојба“ откако оваа година, заедно со сопругот Кук Марони, го добиле своето второ синче.

„По првата бременост, сè повеќе или помалку се врати како што беше. По втората – ништо не се врати на свое место“, изјави Лоренс во интервју за „Њујоркер“.

Понатаму навела дека следната година планира да снима експлицитни сцени, но дека тоа не е единствената причина поради која сака да ги зголеми градите.

„Би го направила тоа и да не сум позната личност“, додала таа.

Кога станува збор за естетските зафати на кои досега се подложила, Лоренс признала дека користела ботокс, но нагласила дека нема ставено филери, бидејќи тие „се гледаат на камера“.

Додала и дека досега не направила лифтинг на лице, но со насмевка изјавила:

„Верувајте ми – ќе направам!“

Џенифер Лоренс стана ѕвезда пред петнаесет години, на деветнаесетгодишна возраст, со филмот „Winter’s Bone“ – рурален ноар во кој таа ја толкува тврдоглавата ќерка од Озарк. Оттогаш има добиено четири номинации за Оскар, а еднаш и победила за „Silver Linings Playbook“, првиот од трите филма што ги сними како муза на режисерот Дејвид О. Расел.

Таа беше столб на еден од најуспешните филмски франшизи на векот, „The Hunger Games“, каде што ја игра хероината Катнис Евeрдин во адаптацијата на младинската серија на Сузан Колинс, приказна за тинејџери принудени на гладијаторски борби од страна на фашистичка влада. Во еден период, Лоренс беше најплатената актерка во светот.

Слични објави

(Фото) Изненадување од саканиот – романтичен роденден на Цеце Николова

Еспресо

Жешки сцени од спалната соба — Теодора Џехверовиќ направи хаос на социалните мрежи

Е.А.

(Фото) „Мојот херој“: Емотивна приказна за помалиот син на Панчо, Марјан

Еспресо

Љубов за која сите зборуваа — Анѓелка го остави мажот, па се омажи за неговиот близок пријател

Е.А.

„На земјава ти си најдобрата“: Романтичен гест на саксофонистот Папаз за сопругата

Еспресо

Ана Бекута објасни зошто ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ по 12 години

Е.А.
Се вчитува....