7.8 C
Скопје
04:27 - 18 март, 2026

По смртта на Жан Лук Годард, ракописот на сценариото за култниот филм „Презир“, продаден за 300.000 евра: Во филмот глуми и легендарната Брижит Бардо

Ракописот на сценариото за култниот филм „Презир“ на режисерот Жан-Лук Годар, кој беше во сопственост на актерката Брижит Бардо, беше продаден во четвртокот за повеќе од 300.000 евра, објави аукциската куќа Кристи.

Ракописот има 59 страници напишани со сино мастило и 24 отчукани страници, а многу од нив содржат белешки и корекции направени рачно од самиот режисер.

Содржи и порака од италијанскиот писател Албертo Моравија, чие дело е адаптирано за филмот, како и белешки од актерите кои ги толкувале главните улоги, покрај Бардо, тоа се Мишел Пиколи, Џек Паланс и режисерот Фриц Ланг, кој се играше себеси во филмот.

Ракописот бил проценет на 120.000 до 180.000 евра, но бил продаден за 302.400 евра по смртта на мајсторот на францускиот нов бран, Жан-Лук Годар, легендата на светската кинематографија, кој почина на 13 септември на 91-годишна возраст.

– Станува збор за комплетен ракопис на првата верзија на филмот – без „разголени“ сцени, кои на режисерот му ги наметна американскиот продуцент на филмот – меѓу кои е и почетната сцена на Пиколи и Бардо.

 

Слични објави

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....