11.8 C
Скопје
20:39 - 3 април, 2026

По смртта на Лиза Присли затропаа старите долгови, нејзините наследници треба да платат над три милиони долари

Кредитната организација „Naussany Investments & Private Lending“ ја тужи Лиза Маја Присли за долг од 3,8 милиони долари, кој го оставила по нејзината смрт.

Ќерката на Елвис Присли почина во јануари годинава, но наводно зад себе оставила долг, а за тужбата и долгот ќе треба да се погрижат наследниците. Како што пренесуваат медиумите, според судските документи што ги добиле, оваа приватна кредитна организација тврди дека пејачката не го вратила кредитот од 2018 година и дека имала рок до мај 2022 година целосно да го исплати.

Во документите се наведува дека тие не можат да остварат контакт со Лиза од март 2022 година, и покрај постојаните обиди да го наплатат нејзиниот долг. Познато е дека сопственичкиот удел го дала на Елвис Присли Ентерпрајс и Грејсленд, па не е јасно зошто го подигнала заемот.

Кредитната организација која и ги позајмила парите тврди дека Присли претходно позајмила од нив 450.000 долари во јули 2016 година, кои таа ги платила во целост следниот месец.

Тие рекоа дека ќе се откажат од случајот доколку нејзината ќерка Рајли Кеу, која сега е сопственик на имотот, се согласи да плати 2,85 милиони долари, или 75 отсто од вкупниот долг, во рок од 45 дена.

Слични објави

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....