5.8 C
Скопје
22:16 - 16 март, 2026

По сите удари кои животот ѝ ги зададе, Ана Костадиновска храбро стои на нозете, а еве што сподели за својата Сара

Сара Пројковска и Ана Костадиновска беа тандем кој ретко се повторува. Едната професор по пијано на Факултетот за музичка уметност, другата професор по пеење во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“. Заедно, тие беа придружни вокали на речиси сите наши пејачи и манифестации, сѐ до 16 март. А, приватно, биле блиски како сестри.

Последниот стих заедно го испејаа токму на тој ден, 16 март во Кочани, во дискотеката „Пулс“, каде што Сара, заедно со уште 62 млади луѓе, трагично го загуби животот во пожарот. Сара Пројковска беше самохрана мајка на две деца. Нејзиниот поранешен сопруг кој беше џез музичар и професор по труба, Александар Николовски почина во 2021 година.

Ана со сопругот Бобан кој почина во 2022 Фото/ Фејсбук

И Ана Костадиновска е самохрана мајка. Нејзиниот сопруг Бобан почина од канцер за само неколку месеци откако му бил дијагностициран, во 2022 година. Таа продолжува професионално да настапува и да предваа пеење, и да се грижи посветено за својата ќерка.

Во јули во 2023 година, животот на Ана ѝ зададе уште еден удар. Почина нејзиниот татко, легендарниот композитор Кире Костов. Ана често знае да се сети на него со познатата песна „Кога те нема“ од Хелена Благне која тој ја компонираше.

Ана како мала со татко ѝ, композиторот Кире Костов

Костадиновска храбро застана на нозе и по загубата на најдобрата пријателка, иако само таа во срцето си знае како ѝ е. Медиумите пишуваа дека Владо Јаневски на неодамнешниот концерт во Охрид ѝ посветил песна на Сара, а Ана заедно со придружните вокали заплакала на сцената додека пееле со него.

Сега, Ана сподели уште една слика од својата Сара, со емотикон со скршено срце. Тоа доволно кажува за тагата што ја чувствува и за спомените кои ќе ги чува за нивното дружење засекогаш.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....