15.8 C
Скопје
17:44 - 15 март, 2026

По Сања и Бекута, и Цеца заменета во „Ѕвездите на Гранд“: Еве кои се на нивно место

Цеца Ражнатовиќ и Ана Бекута не се појавија на снимањето на новата емисија  „Ѕвездите на Гранд“, што изненади многумина, пренесуваат српските медиуми.

Откако беше потврдено дека Ана Севиќ ќе го води музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“, бидејќи водителката Сања Кужет е бремена, следуваше уште едно неочекувано изненадување.

Членките на жирито Ана Бекута и Цеца Ражнатовиќ не се појавиле на снимањето, па сите се прашуваат за што станува збор.

Како што изјавија од Гранд продукција, Ана Бекута од оправдани причини нема да присуствува на следното снимање, а на нејзино место ќе дојде пејачот Драган Којиќ Кеба, кој исто така ќе ја преземе работата со нејзините кандидати во следните пет емисии.

На денешното снимање на „Ѕвезде Гранда“ не се појавила ни Светлана Цеца Ражнатовиќ, а како што е наведено причината е грипот.

На местото на Цеца ќе биде нејзината колешка и пријателка Ивана Питерс, која вообичаено ѝ помага да ги подготви кандидатите.

Слични објави

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо
Се вчитува....