19.8 C
Скопје
14:34 - 12 март, 2026

По разделбата со Ведрана, „Голден Карпет“во секоја емисија со нова водителка

Манекенки, пејачки, спортисктки, инфлуенсерки во улога на водители на Голден Карпет!
Со нов концепт кој гледачите за прв пат ќе имаат можност да го видат и искусат во Македонија во февруари стартува најгледаниот ТВ магазин „Голден Карпет” на Канал 5 телевизија,концепт кој гарантира забава со најпознатите јавни личности од регионот.
По разделбата со Ведрана која од оправдани причини го напушта магазиниот, „Голден Карпет“ продолжува со нов уникатен концепт на овие простори – во секоја емисија со нова водителка. Секоја недела ќе ги замениме улогите со една јавна личност од понежниот пол која ќе ја добие можноста да биде од другата страна на микрофонот и да се испроба во водителскиот свет. Токму затоа секоја недела на Канал 5 телевизија во „Голден Карпет“ заедно со Миро прашањата ќе ги поставува позната личност од македонскиот шоу- бизнис и модниот свет. „Голден Карпет” или „Џ – Карпет” започна во 2020 година, во екот на пандемијата, и за овие 3 години стана препознатлив и еден од најгледаните ТВ Магазини со одличен рејтинг, кој несомнено остави свој белег во македонскиот етер.
Одлична забава, смеење, ексклузивни приказни, феноменални гости и несекојдневни содржини, овој пат ќе бидат спакувани за вас во нов концепт. Гледајте „Голден Карпет” секоја недела во 19:30 часот на Канал 5 телевизија.

Слични објави

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin
Се вчитува....