02:44 - 7 април, 2026

Пластична операција ја однесе во смрт, актерката Силвина Луна имаше 43 години

Популарната актерка и модел Силвина Луна (43) починала по пластична операција на задникот и обилно крварење потврдиле нејзините адвокати, пишува Мирор.

Силвина Луна почина само две недели по смртта на Маријано Капрарола, водителот, кој почина како последица на операција во 2010 година, извршена од истиот лекар.

Таа почина на 31 август, откако 79 дена беше во болница поради компликации од операција што ја имала во 2011 година.

Нејзиниот брат, Езекиел Луна, им дал зелено светло на лекарите да ја извадат од апаратот во четвртокот напладне, објавија локалните медиуми.

Актерката имала операција во јуни или јули 2011 година и ја извршил естетскиот хирург Анибал Лотоцки.

Тој беше обвинет во 2021 година за смрт на пациент што го оперирал во 2010 година. Силвини инјектирал течност што содржи полиметилметакрилат, која е забранета според аргентинскиот закон. Безбојната, пластична материја се користи како замена за стакло во автомобилски делови, леќи, панели и прозорци.

Јавното обвинителство во Буенос Аирес покрена истрага за нејзината смрт, а беше наредена и обдукција.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SILVINA LUNA (@silvinalunaoficial)

 

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....