17:21 - 6 април, 2026

„Плачев секој ден“: Искрена исповед на пејачот Ѓоко Јовиќ

Пејачот Ѓоко Јовиќ раскажа дека плачел секој ден во еден период од животот, кога некои нешта му биле многу тешки.

Во емисијата „Животна приказна“, Јовиќ, кој потекнува од Валандово, рече дека како дете нижел тутун и плачел кога мајка му и татко му го буделе да оди да работи.

– Јас секој ден сум плачел. Не ми се одеше на тутун, ама никогаш! Мајка ми уште пред да влезе во соба да ме разбуди и татко ми, јас го слушам, треба 10 пати да ме мрднат. Стани! Јас се правам дека не ги слушам – раскажа пејачот.

Фото / Инстаграм

– Во минатото моите родители се занимавале со земјоделие во кое преовладувал тутунот. И јас сум го работел тоа, знам колку е тешко и затоа ги ценам луѓето кои ја одржуваат во живот таа земјоделска култура – рече пејачот во една прилика во „Женски магазин“.

– Не се срамам да зборувам за моето минато и секогаш сум подготвен повторно да го работам тоа. Најважната лекција ја научив од татко ми. Еден ден ме седна и ми кажа: „Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот – додаде пејачот, кој со сопругата Ивана има четири деца.

 

Слични објави

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

(Фото) Свршеникот на Јована Јеремиќ отиде на Света Гора – Тигар го посети манастирот Хиландар

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin
Се вчитува....