8.8 C
Скопје
14:39 - 27 март, 2026

Писмото на синот на Маја Беровиќ до Дедо Мраз е вистинска комедија: „Не сакате да знаете што пишува во него“

Минатата година за Маја Беровиќ беше успешна и исполнета со задоволство и достигнувања. Маја најави дека наскоро ќе ја посети Австралија, каде ќе ужива во летните денови.

Пејачката, која е во брак со бизнисменот Ален Драгосав, го има синот Лав. Тој ѝ е центар на светот, а сега откри еден итересен момент со нејзиниот син кој ја насмеал до солзи.

Откри дека нејзиниот син Лав напишал писмо до Дедо Мраз.

– Да. Тој диктираше, а јас пишував. И тоа е комедија. Не дај Боже да го прочитате, што таму пишува… – прво рече Маја.

– Во еден момент рече: „Дедо Мразе, сакам да ми донесеш диносаурус и да дојдеш да видиш како сум некогаш лут. Тоа сакам да го видиш“ – додаде Маја со насмевка.

Таа исто така наведе дека наскоро патува на друг крај на светот.

– Да, одам далеку. Разликата во времето е околу 9-10 часа, така што нема да ме добиете (смеење). По подолго време одам во Австралија и многу се радувам. Таму е лето, така што ќе се сончам – рече таа за „Телеграф“.

Маја најави и нови песни.

– Така е. Тука е Дејан Костиќ, тука е Реља и екипата, па ќе направиме некаква мешавина – заклучи Маја Беровиќ.

Таа се присети на минатата година.

– Немав тешки моменти. Бев здрава, сите околу мене беа добро. Јас тоа го гледам така едноставно. Кога ќе ми заврши годината и нема лоши работи, тогаш годината ми е супер. Работев и ги издадов и двата дела од албумот, имав доста настапи…

Слични објави

(Фото+видео) Скршени дрвја, уништен автомобил…: Николина Пишек објави видеа од невремето во Загреб

Еспресо

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Еспресо

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо

(Фото) Биба Додева во сексапилно издание, ваква не ја знаеме

Еспресо

Каспер „копа“ по минатото на Мина Костиќ: Побарал фотографии од сестра ѝ во Белгија

Еспресо

Јордан Митев сподели убави вести: Конечно се случува!

msp-admin
Се вчитува....