09:17 - 13 ноември, 2026

Писателите со писмо за поддршка на Северина и нејзиниот син: Меѓу потпишаните Шербеџија, Дежуловиќ, Анте Томиќ…

Триесетина хрватски писатели остро ја критикуваа одлуката на Врховниот суд на Хрватска да ја укине одлуката на сплитскиот суд од 2021 година за заедничкото старателство на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ над нивниот син Александар. Сега, старателството на синот го доби Милан.

„Протестираме, згрозени од одлуката на Врховниот суд на Република Хрватска да не ја почитува волјата и одлуката на дванаесетгодишниот Александар Поповиќ да живее во неговиот дом со неговата мајка Северина Вучковиќ“, изјавија писателите во писмо за поддршка кое беше објавено на социјалните мрежи.

Меѓу потписниците на писмото се и Раде Шербеџија, Борис Дежуловиќ, Анте Томиќ, Снежана Бановиќ, Еди Матиќ, Моника Херцег, Ена Халер и други писатели.

„Ги повикуваме граѓаните да покажат солидарност и емпатија кон мајката Северина Вучковиќ и нејзиниот син Александар Поповиќ. Ги повикуваме надлежните општествени институции и судови да се грижат за тоа ниту едно дете да не биде жртва на системот“, заклучуваат писателите.

 

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....