11:35 - 5 декември, 2025

Пи Диди во затвор разви параноја: Не јаде, се плаши од труење 

54-годишниот американски рапер и музички продуцент Шон „Диди“ Комбс, кој по апсењето се наоѓа во притворот Метрополитен во Бруклин, се плаши од јадење затворска храна и развил параноја. Ова го тврди поранешниот затвореник Ешли Банфилд, во изјави за странскиот печат, цитирајќи извор од затворот.

Според него, Пи Диди сериозно стравува дека може да биде отруен.

„Замислете некој да плати некого внатре во затворот да му ја отруе храната, да му создаде срцев удар и да умре“, вели Банфилд. И додава дека затворските службеници немаат големи плати, па можно е некој надвор со добри пари да ги поткупи за да го отрујат Комбс.

Раперот беше уапсен и обвинет за долгогодишна принуда и сексуална злоупотреба, користејќи уцена и насилство за да ги контролира своите жртви. Тој, исто така, беше обвинет за поттикнување на женски жртви и машки сексуални работници на сексуални дејствија поттикнати од дрога, кои понекогаш траеле и неколку дена, наречени „Freak Offs“. Комбс се изјасни за невин по обвиненијата против него и му беше одбиена кауцијата, и покрај барањето на неговиот правен тим да биде ослободен за 50 милиони долари и да биде држен под електронски мониторинг.

„Тој е навистина параноичен. И навистина е многу исплашен. Не знае што да мисли, не знае кому да верува или во што да верува”, рекол Левин. Зборувајќи за храната што им се носи на затворениците во изолација, човекот истакна дека најчесто таа е ладна и невкусна.

„Храната е блага, има многу јаглехидрати, но ве заситува, но многу од овие намирници имаат мувла“, ги сподели своите сеќавања поранешниот затвореник.

Банфилд исто така рече дека Диди ја посетува црквата која се наоѓа во составот на затворот, но и дека психотерапевт го посетува неколкупати на ден за да спречи обид за самоубиство.

Диди, наводно, е задржан во истиот блок како и криптоизмамникот Сем Бенкмен-Фрид, кој беше осуден на 25 години затвор во 2023 година. Оваа област има капацитет од 18-20 затвореници и обично е резервирана за високи функционери или за оние кои соработуваат со властите.

Протече затворското мени на Паф Диди: Шака суви житарки, плескавица од црн грав…

 

Слични објави

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо
Се вчитува....