-4.2 C
Скопје
07:23 - 19 февруари, 2026

Пејачот Ар Кели наводно бил жртва на лажно сведочење за сексуално злоставување

Адвокатите на пејачот Ар Кели поднесоа предлог до судот за повторно судење. Тие обвинија дека  ѕвездата е жртва на лажно сведочење во судењето во Чикаго, САД, лани, пишуваат американските медиуми.

Кели (56) беше осуден од страна на поротата во септември и по обвиненија за детска порнографија, покрај тие за сексуална злоупотреба на „Џејн“ и други девојки. Судот ја донесе пресудата за 23 февруари, по којашто осуденикот се соочи со казна од 10 до 90 години затвор.

Во предлогот поднесен во саботата е побарано од американскиот окружен судија Хери Лајненвебер да ја отфрли пресудата на Кели по сите точки поврзани со „Џејн“, т.е. неговата поранешна кумашинка која сведочеше дека пејачот повеќепати сексуално ја злоставувал и снимал кога таа била тинејџерка.

Адвокатката на осудениот, Џенифер Бонжан во поднесокот од осум страници тврди дека „Џејн“ лажно негирала под заклетва, дека донела одлука оти ќе бара отштета од него. Обвинителите, исто така се наведува, ја довеле поротата во заблуда со тоа што не го поправиле сведочењето на „Џејн“.

„Џејн веќе беше најмила адвокат од Бостон и тим експерти за да му ги посочат можностите за отштета на судијата Лајненвебер, барајќи неверојатни 13 милиони долари. Таа добро знаела дека бара отштета со извонредна сума доколку ( Ар Кели) биде осуден. И (судските) власти го знаеја тоа“, наведува адвокатката во документот.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....