3.8 C
Скопје
18:56 - 18 декември, 2024

Патот кон себе: Професионално определување

Што сакам да бидам или со што сакам да се занимавам во животот? Ова прашање е меѓу првите што им го поставуваат на децата кога стануваат свесни за социјалниот свет околу себе.

Порано мислевме дека изборот на професија или окупација што ќе го направиме со изборот по завршување на гимназија е еднаш засекогаш.

Во денешно време на интезивни промени, себепронаоѓањето и учењето низ искуства трае целиот живот.

На пример, кога завршив психологија, на прашањето што сум во однос на професионалниот идентитет, велев психолог. Потоа се вработив како новинар, па не верував дека ќе изустам нешто друго од новинар. Кога дојдов во Виена, истражував и открив сосема други свои аспекти, го поврзав сето искуство и знаење со нов тренинг и сега мојот професионален идентитет е тренер за личен и организациски развој.

Канадскиот психолог Џејмс Марсиа анализирајќи го процесот на себедефинирање и формирање на идентитетот, дошол до заклучок дека тој се развива преку нашите избори во животот и во однос на два фактора: истражување и посветеност.

Неговата теорија имала главно примена кај професионално определување на адолесцентите. Но во денешната динамика на живот и промени, изборот на она што го нарекуваме професија најчесто не е даден еднаш засекогаш. Транзициските кризи кои настануваат кога има значително менување на рутината на живот како при преселба во друга земја, промена на работа, нова улога (мајка, пензионер и сл.) се чести, а со тоа и идентитетсткото реоткривање.

Теоријата на Марсиа препознава четири идентитетски статуси според критеримите посветеност и истражување.

  • Дифузија – каде има ниска посветеност и низок степен на истражување. Описно тоа е состојба во која некој вели „не знам со што сакам да се занимавам, ниту ме интересира што ќе правам во животот“. Индивидуа во овој статус не се заминава со активно трагање по својот професионален идентитет.
  • Мораториум – статус кога  има ниска посветеност, но висок степен на истражување. Описот преку исказ би бил: „Не знам со што сакам да се занимавам, но истражувам да видам што сакам“. Запишување курс, тренинг, читање на одредени теми од интерес се истражување кое води кон дефинирање во однос на професионалниот идентитет.
  • Заплена е статус каде постои висока посветеност, но низок степен на истражување. На пример, „татко ми е забар, па ќе бидам и јас.“
  • Постигнување – каде има висока посветеност и висок степен на истражување. Кога поединецот истражувал што сака, поминал низ искуства и се посветува на тоа што сака да го прави.

Она што го нарекуваме лични ресурси се нашто знаење, искуство, таленти, вештини, силни страни. Најчесто поради страв да на го загубиме комодитетот од комфор-зоната или сомневање во себе, ние не ги тестираме нашите потенцијали. Или според теоријата на Марсиа, не истражуваме. А новите искуства се тие што  најмногу ни помагаат да се дефинираме.

За старите луѓе дека се помудри. Тоа не е поради нивните години, туку поради искуството во тие години.

ПИШУВА: Ида Протугер – психолог, тренер за личен и организациски развој

www.idaprotuger.com

 

 

Слични објави

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо
Се вчитува....