15:07 - 19 февруари, 2026

Страотно сведоштво на Парис Хилтон за сексуалното злоставување во училиштето: „Околу 3 или 4 часот наутро, ме носеа во некоја соба заедно со неколку други девојки“

Парис Хилтон изјави дека била сексуално злоставувана додека одела во интернатот за проблематични тинејџери  во Јута каде што поминала една година како тинејџерка. Во видеото за Њујорк Тајмс, Хилтон го раскажа своето искуство, истакнувајќи дека тоа е прв пат детално да зборува за конкретни случаи на злоставување.

-Многу доцна навечер, околу 3 или 4 часот наутро, ме носеа во некоја соба заедно со неколку други девојки и ни правеа лекарски прегледи. Тоа не го правеше доктор, имаше неколку различни членови на персоналот, кои што нѐ тераа да легнеме на масата и си ги ставаа прстите во нас. Не знам што правеа, но тоа дефинитивно не беа доктори, тврди Хилтон.

Парис дополнително ги опиша наводните инциденти на Твитер:

– Ненаспана и под силни лекови не разбирав што се случува. Бев принудена да легнам на тапацирана маса, да ги раширам нозете и да се подвргнам на прегледи на грлото на матката. Плачев додека ме држеа и викав: „Не!“ Тие само рекоа: „Замолчи. Престани да се мачиш или ќе одиш во „Обс“.

– Важно е да се отворам за овие болни моменти за да можам да заздравам и да помогнам да се стави крај на оваа злоупотреба. Ова беше искуство кое се повторува не само за мене, туку и за другите преживеани. Бев малтретирана и плачам додека го пишувам ова затоа што никој, особено дете, не треба да биде сексуално злоставуван. Детството ми го украдоа и тоа ме убива. Ова сè уште им се случува на други невини деца – напиша Парис.

Покрај наводното сексуално злоставување, Хилтон, која последниве години многу се залагаше за затворање на училиштето Прово, претходно изјави дека била физички и психички злоставувана за време на нејзиниот престој во центарот за лекување. Таа го сподели своето искуство заедно со голем број други учесници кои додека биле тинејџери биле испратени во слични установи за лекување.

-Навистина беше страшно, тоа е нешто што го потиснував со години. Но, сега постојано ми се враќа и размислувам за тоа. А сега, кога се навраќам на минатото како возрасна личност, тоа дефинитивно беше сексуална злоупотреба, додаде таа.

View this post on Instagram

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Слични објави

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо
Се вчитува....