8.8 C
Скопје
15:51 - 28 март, 2026

„Паника во хотел Палас“ му донесе награда на Коле Ангеловски – кои се другите добитници?

Кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев” ги додели наградите за меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2022″. Наградата за најдобра режија ја доби режисерот Коле Ангеловски.

За најдобра сценографија беше наградена Илина Ангеловска а за најдобра костимографија Кирил Наумов. Најдобра актерка е Горица Поповиќ а најдобар актер Димитар Ѓорѓиевски. Најдобра претстава е кумановската „Секс и лаги”.

Награди во форма на плакета по оценка на стручното жири добија српската актерка Горица Поповиќ од Атеље 212 – Белград, за најдобар актер беше прогласен Димитар Ѓорѓиевски од Театар Прилеп.

„Кумановската публика умее да препознае добра комедија и добра претстава“, изјави Ѓорѓеивски по примањето на наградата.

Наградата за најдобра режија ја доби режисерот Коле Ангеловски за режија за претставата „Паника во хотел Палас” Театар Струмица.

„Јас сум еден од оновачите на фестивалот и од вкупно 25 години постоење јас сум учествувал со претстави дваесет години“, рече Ангеловски.

Наградата за најдобра сценографија ја доби Илина Ангеловска за сценографијата во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки” од прилепскиот театар а за најдобра костимографија – Кирил Наумов за претставата „Службогонци” од Драматичен Театар Ловеч, Република Бугарија.

 

Слични објави

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Астро викенд: Мини совети за секој хороскопски знак

Еспресо

Дарко Лазиќ за смртта на братот: „Да можев да го вратам, никогаш повеќе не би запеал“

Еспресо

Хороскоп за 28 март: Овни, сочувајте го достоинството пред партнерот, Раковите се сосема занесени со саканата личност

Еспресо

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.
Се вчитува....