12:00 - 13 ноември, 2026

Ози Озборн одби да настапи на фестивал: „Моето тело сè уште не е подготвено“

Британскиот рокер Ози Озборн изјави дека донел одлука да се повлече од закажаниот настап на американски фестивал бидејќи неговото тело „едноставно сè уште не е подготвено“. Озборн (74) изјавил дека бил оптимист откако му понудиле ангажман на фестивалот „Пауер трип“ во американската сојузна држава Калифорнија, но дека сега не сака „да настапи против своја волја“.

Озборн требаше да излезе на сцената на фестивалот на 7 октомври со австралискиот бенд AC/DC, а на фестивалот настапуваат и Guns N’ Roses и Iron Maiden. Во изјавата објавена на социјалните мрежи, тој рече: „Колку и да беше ова болно, морав да донесам одлука да се повлечам од Пауер Трип во октомври“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ozzy Osbourne (@ozzyosbourne)

„Мојата првична намера беше да се вратам на сцената во летото 2024 година, а кога дојде понудата да го направам овој настап, оптимистички продолжив понатаму. За жал, телото ми вели дека се уште не сум подготвен а јас сум премногу горд за првиот настап по речиси пет години да ми биде надвор од волјата“.

Озборн во февруари објави дека засега ќе паузира од турнеите по операцијата на ‘рбетот, бидејќи „не е физички способен“ за патување. По падот во неговиот дом во 2019 година, повредите што ги здоби во речиси фаталната сообраќајна несреќа во 2003 година му се влошија, и затоа ги прекина сите негови настапи во Европа и во Обединетото Кралство.

 

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....