8.8 C
Скопје
17:04 - 27 октомври, 2026

„Оваа песна е за да го разбудиш внатрешниот оган и да не се плашиш од него“ – моќна порака на финските претставници на Евровизија 2026

Пред големото финале на Евровизија 2026 што ќе се одржи вечерва, според обложувалниците најголем фаворит е Финска, која ја претставува музичкото дуо Линда Лампениус и Пете Парконен, со песната „Liekinheitin“.

Дуото победи на националниот избор UMK 2026, со што го обезбеди своето место на најголемата европска музичка сцена. Нивната победничка нумера носи силен и динамичен звук, кој комбинира поп, рок и електронски елементи, а изведбата е целосно на фински јазик.

Песната се темели на моќна симболика и ја пренесува темата на внатрешна сила, страст и енергија што „пали“ и инспирира. Според описите од финската сцена, композицијата е создадена да остави силен сценски впечаток и да ја пренесе експлозивната енергија на изведувачите.

Линда Лампениус е меѓународно призната виолинистка со класично музичко образование и богата концертна кариера, додека Пете Парконен е поп-рок изведувач познат по својот специфичен вокал и настапите на финската музичка сцена.

Двајцата доаѓаат од сосема различни животни и професионални средини, но и двајцата имаат богати приватни приказни зад себе.

Пете Парконен е роден во музичко семејство во Финска и уште од младоста бил дел од јавната сцена. Познат е по тоа што кариерата ја започнал преку музички натпревар, а подоцна изградил успешна соло кариера. Во јавноста има зборувано и за предизвиците во детството, вклучително и искуства со врсничко насилство поради неговиот изглед.

„Ова не е само песна, ова е експлозија на емоции. Сакаме публиката да ја почувствува таа сила уште од првиот тон.“, рече Пете.

Од друга страна, Линда е меѓународно позната виолинистка која уште од дете покажала исклучителен музички талент. Нејзиниот живот е обележан со интензивна кариера која ја однела на светски сцени уште во тинејџерските години, како и со бројни јавни проекти надвор од класичната музика. Таа со години е присутна и во медиумите и шоу-бизнисот, што ја направило едно од најпрепознатливите лица на финската сцена.

„Секој од нас носи свој внатрешен оган. Оваа песна е за тоа да го разбудиш и да не се плашиш од него.“, го објасни Линда значењето на песната.

И двајцата денес се сметаат за силен и неочекуван музички спој, кој носи различни животни искуства и енергија на евровизиската сцена.

Слични објави

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо

(Фото) Владо Георгиев повреден, рамото во гипс: „Паднав пред 7 дена и го претчувствував падот на владата“

Еспресо

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо
Се вчитува....