26.8 C
Скопје
15:36 - 6 октомври, 2026

По критиките од публиката, „Лавина“ направи промени во настапот пред вечерашното финале на Евровизија

Големото финале на Евросонг се одржува вечерва во Виена, а српските претставници, групата „Лавина“, ќе настапат под реден број девет со песната „Крај мене“ (Kraj mene). Пред почетокот на финалната вечер, по последните проби, српскиот тим одлучи да направи помали измени во сценскиот настап.

За време на претходните проби и полуфиналниот настап, дел од гледачите забележаа момент во кој лице од продукцијата се појавува во кадар за да му ја соблече наметката на фронтменот Лука. Многумина сметаа дека овој детал го одвлекува вниманието и го нарушува впечатокот на настапот, па затоа за големото финале истиот е исфрлен од изведбата.

Фронтменот настапува во костим тежок 20 килограми Српскиот тим и организаторите дополнително го дополнија настапот за во финалето да делува поуиграно и визуелно поефективно, без непотребни прекини во кадарот.

Фронтменот на групата, Лука, инаку настапува во костим тежок дури 20 килограми, што ја прави неговата изведба уште поинтересна. Останува да видиме дали овие промени ќе и помогнат на „Лавина“ да ги освои публиката и жирито, но Србија вечерва секако ја очекува возбудлива евровизиска вечер.

Слични објави

Наташа Беквалац повторно е слободна? Наводно ја прекинала врската со поранешниот фудбалер

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров го зеде малиот Лука од болница, па порача: „Победив“

К.С.

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ сподели емотивна објава посветена на ќерката: „Јас те родив и засекогаш ќе…“

Еспресо

„Изгубија осум беби пред да ме добијат мене“ — Оља Карлеуша проговори за семејната драма

E.A.

(Фото) Машките одела од „Капитол“ – елеганција со совршен крој

Еспресо

Балерината Стефанија Гаштарска проговори за тешкото нарушување во исхраната: „Постојано се изгладнував себеси“

К.С.
Се вчитува....