8.8 C
Скопје
15:00 - 27 март, 2026

Ова се деталите за несреќата на холивудскиот актер Џереми Ренер: Сечилото му поминало преку ногата, изгубил многу крв

Актерот Џереми Ренер беше тешко повреден викендов, но сега е во стабилна состојба.

Неговиот портпарол изјави за „Холивуд Репортер“ дека актерот се здобил со повреди по несреќа поврзана со лоши временски услови додека го чистел снегот.

Актерот бил сам и се обидувал да го исчисти патот од својот дом до езерото Таксо.

Деталите за несреќата за ТМЗ ги открил неговиот сосед, кој рекол дека сечилото од возилото за чистење снег случајно му ја прегазило едната нога, поради што изгубил многу крв. За среќа му помогнал сосед кој е доктор, кој му ја преврзал ногата додека чекале брза помош.

Ренер потоа со хеликоптер бил префрлен во болница, каде што бил доведен во стабилна состојба. Извор близок до актерот изјавил дека повредите му биле големи и дека покрај ногата повредил и други делови од телото.

Да потсетиме, Ренер е најпознат по улогата на суперхеројот од филмот „Thor“, а се појави и во продолженијата на легендарниот филм на Marvel „The Avengers“.

Слични објави

(Фото) Миа Костова прозборе за врска со оженет маж

Еспресо

(Фото+видео) Скршени дрвја, уништен автомобил…: Николина Пишек објави видеа од невремето во Загреб

Еспресо

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Еспресо

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо

(Фото) Биба Додева во сексапилно издание, ваква не ја знаеме

Еспресо

Каспер „копа“ по минатото на Мина Костиќ: Побарал фотографии од сестра ѝ во Белгија

Еспресо
Се вчитува....