20:40 - 11 април, 2026

Ова не го гледаме често: Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас покажаа колку им недостигаат нивните деца

Иако имаат многу повеќе време за себе, Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас сепак не можат да сокријат колку им недостигаат Керис и Дилан, нивните деца кои го напуштија семејното гнездо и отидоа да студираат.

Еден од најпознатите холивудски парови, Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас, одлучија да ги поминат велигденските празници заедно со своите деца, 21-годишниот Дилан и 18-годишната Керис, па отидоа во кампусот каде што нивниот син престојува додека студира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Douglas (@michaelkirkdouglas)

Тие се среќни што успеале да поминат речиси незабележано додека Дилан ги водел на обиколка низ кампусот, а семејното селфи на својот инстаграм профил го објави холивудската легенда.
Насмеана и расположена Кетрин се обиде да се сокрие зад очилата за сонце, а Даглас стави и капа на главата.

Кетрин Зета-Џонс објави уште две фотографии на својот инстаграм профил и напиша: „Бандата е повторно заедно! Среќна, пресреќна! Кампус!

Инаку, 21-годишниот Дилан Даглас студира на колеџот „Браун“, а бидејќи веќе ја запознал околината, ја искористил приликата да му биде водич на неговото семејство.

Бидејќи и Дилан и Керис го напуштија семејното гнездо и заминаа на студии, Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас имаат многу повеќе време еден за друг, но не кријат колку им недостасуваат нивните наследници.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....