Манекенката Синди Крафорд објави видео на социјалните мрежи каде ја прикажува својата опсежна утринска рутина, што предизвика негативни реакции кај дел од корисниците.
Како што пишува „Дејли мејл“, рутината ѝ одзема два и пол часа дневно и започнува со будење во 6 часот наутро. Потоа следува суво четкање на нозете со четка од природни влакна и слушање на Библијата. Следи делот за велнес, кој вклучува пиење јаболков оцет и одмор во џакузи.
@cindycrawfordI love my morning routine—sets me up to have a great day! ⛅️ ☕️ 🧘🏻♀️♬ Opalite Instrumental – Dan Swift Del Rey
Во текот на рутината таа подготвува кафе со колаген и практикува „заземјување“, ставајќи ги нозете на трева. Пред крајот на утринската рутина, Крафорд скока на трaмболина во домашната теретана додека чека пристигнување на инструкторот по пилатес.
„Го сакам моето утринско будење – ме подготвува за одличен ден!“, напиша таа во описот на видеото.
Дел од корисниците беа шокирани од должината на рутината.
„Дали ова е утринска рутина или работа со полно работно време?“, пишува во една вирусна објава.
„Извини, ама ова не е нормално“, стои во друга.
Некои корисници коментираа:
„Тоа не е утринска рутина, туку велнес ритуал на славни личности. Се будиш, пиеш кафе, облекуваш униформа и одиш на 12-часовна смена. Тоа е реалниот свет. Славните личности се толку одвоени од светот и треба да престанат да ни го наметнуваат тоа. Немаат нормална дневна рутина. Ништо од ова не е нормално за просечна личност.“
Некои корисници започнаа дискусија за тоа како јавноста реагира на вакви видеа:
„Славните едноставно треба да престанат да го споделуваат својот живот. Живеат живот што 99,99 проценти од светот никогаш нема да го разбере, но дури и кога се искрени, делуваат целосно фалбаџиски“, се наведува во коментарите.
