9.8 C
Скопје
17:12 - 24 февруари, 2026

Ова го направил Андреј од „ДНК“ три дена пред пожарот во Кочани, Ламбе ги раскажа деталите

Ламбе Алабаковски раскажа што направил Андреј од ДНК, само три дена пред кобниот пожар во Кочани, во дискотеката „Пулс“ во кој настрадаа 63 млади луѓе, а околу 200 беа повредени.

Гостувајќи во радиото „Урбан ФМ“, Ламбе откри што правеле со Андреј само неколу дена пред неговиот живот трагично да згасне. Тој рече дека ќе соработува со Врчак на нова песна, а потоа го спомена и Андреј.

– Врчак ми го напиша мене првиот текст, „Спаси ме“, тоа е негов текст. Сега, мала дигресија. Имаме една песна ја извади, таа беше демо од 2004, за мојот прв албум „Море од солзи“.

Врчак спрема нов албум. Тоа беше песна за мене, и сега тој ја најде, ја извади од некои фолдери таму од 2004, и направи текст за мене и за него.

И ни гостува, ајде ќе откријам сега, ни гостува нашиот покоен Андреј од ДНК. Три дена пред да се случи таа ужасна трагедија во Кочани ја снимија песната. И едвај чекам јас да ја слушнам, веќе ја имаме снимено“, откри Ламбе за новата песна чии вокали ги пее Андреј.

Фото/ Инстаграм

 

Слични објави

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на синот на Драгана Мирковиќ, неговиот татко јавно му се обрати

Еспресо

Поднесени 3 кривични пријави против Десингерица откако на настапот во Врање донел живо јагне

apostolova

Лепа Брена со насолзени очи во филмот за Саша Поповиќ: „И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме“

Е.А.

Прва изјава на сопругата на Аца Амадеус откако музичарот ја обвини дека има проблем со пороците: „Проверете кој користи дрога“

Е.А.

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели неодоливо видео со синот Марио: „Што си ѝ ти на мама?“

Еспресо
Се вчитува....