2.8 C
Скопје
03:42 - 26 март, 2026

„Ова е голем ден за жените“ – зошто се разделија „Си-ен-ен“ и славниот водител по цели 17 години

Американската медиумска мрежа „Си-ен-ен“ објави дека го прекинува работниот однос со познатиот водител Дон Лемон, иако тој неодамна се извини за коментарите за републиканската кандидатка за претседател на САД, Ники Хејли.

„Си-ен-ен и Дон се разделија. Дон засекогаш ќе биде дел од семејството на Си-ен-ен и му благодариме за неговиот придонес изминативе 17 години. Му посакуваме сѐ најдобро и ќе го поддржиме во неговите идни напори“, им соопшти на вработените претседателот на таа ТВ-мрежа, Крис Лихт, а писмото е објавено и на Твитер-профилот на компанијата.

Одлуката е објавена истиот ден кога соперничката американска конзервативна ТВ-мрежа „Фокс“, поради наводни „намерно изнесени лажни тврдења“ за изборите 2020 година, се раздели со својот можеби најпопуларен водител Такер Карлсон.

Лемон на Твитер-профилот на CNN  прокоментира дека веста го изненадила и ја опиша како – негово отпуштање. Тој претходно се појави во неговата емисија.

Лемон предизвика општ гнев пред извесно време кога, во „Си-ен-ен утрово“, осврнувајќи се на возраста на американските политичари, рече дека 51-годишната Ники Хејли „не е во најдобрите години“. Според него тогаш, „најдобри години за една жена“ би биле 20-тите, 30-тите, а можеби и нејзините 40-ти.

Со-водителката на емисијата, Попи Харлоу побара појаснување:

– Дали мислите на најдобрите години за воспитување деца или најдобрите години за претседател на државата?

Тој продолжи со контроверзните шеги.

– Не убивај го гласникот. Јас само кажувам како стојат работите, рече Лемон, повторувајќи го истото еден час подоцна, за што доби прекори и од колешката Оди Корниш.

Лемон се извини истиот ден, велејќи дека жали за неговите „несоодветни и небитни коментари“. После тоа три дена не беше присутен во шоуто. Тој се врати следната недела.

И Ники Хејли ги критикуваше коментарите на Лемон, како сексистички. Во врска со денешната одлука, таа објави дека отпуштањето на Лемон претставува „голем ден за жените насекаде“.

 

Слични објави

(Фото) Парите само си течат: Откриено од што заработува 10 години постарото момче на Уна Чолиќ

Еспресо

„Денес се големи ѕвезди а живеат од мои песни“: Ша „удри“ по колегите

Е.А.

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Мина Наумовиќ не се враќа во „Амиџи шоу“: Откриено зошто не сака да соработува со сопругот

Е.А.

(Видео) „За нашиот Маринко“: Огњен Амиџиќ ја исполни големата желба со нова песна – се слуша и гласот на Маџгаљ

Еспресо

Како настанала песната „Загрли ме“ на Здравко Чолиќ? Се појави снимка со Арсен Дедиќ од пред половина век

Еспресо
Се вчитува....