22:06 - 6 април, 2026

Ова е еден од најпроблематичните актери – признал кражба на алкохол, па нема да лежи в затвор

Актерот Езра Милер во судницата во Вермонт се согласил на спогодба за признавање вина за да ја намали казната и нема да мора да отслужува затворска казна, туку ќе биде на условна казна една година. Исто така, тој мора да плати и казна од 500 долари, пренесува американскиот портал ТМЗ.

Актерот беше обвинет за кражби и ситни кражби, но тие обвиненија беа отфрлени поради спогодба. Но, ако Милер ја прекрши условната казна, отфрлените обвиненија би можеле да се вратат.

Обвинението против актерот беше поднесено во август минатата година, а тоа беше последен во низата инциденти поврзани со него. Тој беше обвинет дека влегол во приватен имот и земал неколку шишиња алкохол.

29-годишниот актер е познат по играњето Flash во филмовите Justice League и Credence Barebone во Fantastic Beasts.

Слични објави

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.
Се вчитува....