11.8 C
Скопје
10:20 - 31 март, 2025

Откриено менито на исхрана на Здравко Чолиќ: „Света тројка“ за младешки изглед

Благодарение на јајцата на посебна сорта на препелица, неговиот глас е речиси идентичен со оној на почетокот на кариерата, а за лицето користи само креми од манастир.

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ (73), за кој многумина велат дека изгледа како момче и во осмата деценија, отсекогаш бил познат по својот дисциплиниран пристап кон животот и здравјето.

Извор близок до пејачот открива дека Чолиќ многу внимава на исхраната, спиењето и физичката активност и дека оваа тројка е клучна за неговиот изглед и виталност.

Менито на исхрана на Чола се состои од правилно одбрани намирници.

– Секое утро го започнува со ритуалот на консумирање мед, лимон и чиа пред појадок. Неговата исхрана се заснова на дозирана конзумација на месо, при што чистото говедско месо е задолжително еднаш неделно, додека другите денови избира пилешко и риба со свежа домашна салата. Посебно е интересно што Чолиќ пие јајца од препелица, користејќи специјална сорта која му помага да го зачува гласот, кој е речиси идентичен со оној на почетокот на неговата кариера – открива упатен извор за српски Курир и додава:

– Кога станува збор за нега на коса, Чолиќ користи боја со природен состав, а редовно ја негува косата со маска од природно маслиново масло. Тој користи и шампон од коприва за миење на косата, додека кожата на лицето ја одржува со природни креми направени во манастир. Важно е да се напомене дека Чолиќ никогаш немал ботокс или други естетски интервенции и е цврсто против исцртување или обликување на веѓите. Покрај исхраната и негата, Чолиќ многу се грижи и за физичката активност. Пешачи преку десет километри дневно и редовно вежба, а неговата посветеност на одржување на виталноста не остана незабележана ниту во медиумите. Исто така, спиењето има клучна улога во зачувувањето на неговата виталност, а во просек спие од седум до десет часа, со задолжителна попладневна дремка.

Здравко Чолиќ е пример како посветеноста на здрав начин на живот може да се одрази на изгледот и виталноста, а неговиот пример инспирира многумина да се грижат за своето тело и дух, без разлика на возраста.

Слични објави

(Фото+видео) Голема прослава за роденденот на Виктор Живојиновиќ: Брена запеа, пристигна торта со огномет, „падна“ и бакнеж со неговата девојка

Еспресо

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии, а вие?

Еспресо

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо
Се вчитува....