15:42 - 3 април, 2026

Откриена причината поради која Аца Лукас заврши во болница: Не грижете се за мене, се чувствувам одлично

Аца Лукас

Српскиот пејач Аца Лукас е пуштен од болницата, каде што беше хоспитализиран во текот на вчерашниот ден и сега се одмора во својот стан во Белград.

Имено, откако лекарите во Клиничкиот центар ги направиле сите тестови, пејачот бил пуштен во својот дом.

Лукас им се обратил на лекарите во болницата за помош затоа што чувствувал неподносливи болки во стомакот, кои во комбинација со заморот и исцрпеноста направиле да се чувствува многу лошо. По сите детални анализи, било утврдено дека пејачот имал труење од храна, поради што имал неподносливи стомачни болки, а кога на сето тоа ќе се додаде фактот дека имал напорни настапи, како и дека напорно работел со месеци наназад без ден одмор било очекиувано сето тоа да се одрази на неговото здравје, откриваат добро информирани извори за српските медиуми.

За среќа, по неколкуте часа што им биле потребни на лекарите да ги направат сите тестови, Аца се чувствувал многу подобро.

– Не грижете се за мене, се чувствувам одлично. Продолжувам да работам и да се подготвувам за претстојните концерти кои ги најавив со мојот тим. Тимот што работи со мене е при крај со подготовките за големите концерти во Нови Сад, Белград и Сараево – изјави Лукас, сакајќи да ги смири загрижените обожаватели.

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....