0.8 C
Скопје
19:11 - 21 ноември, 2024

Опра Винфри призна дека 18 килограми изгубила со помош на апчиња: „Дебелината е болест“

Опра Винфри неодамна ги изненади сите со својот нов изглед: 69-годишната ТВ водителка покажа забележливо послаба фигура. Таа соопшти со гордост дека ослабела 18 килограми, а сега во интервју за „People“ детално проговори како успеала да се избори со вишокот килограми.

Една од најпопуларните американски ТВ водителки призна дека цел живот страда поради вишокот килограми и начинот на кој луѓето ја третираат поради тоа: „Тоа беше како јавен натпревар – ме исмејуваа 25 години. Ме обвинуваа и ме посрамотуваа, и се обвинував и се засрамував себеси“, вели Опра и додава. Не се чувствував луто. Бев тажна. Бев повредена. Го проголтав срамот. Прифатив дека тоа е моја вина” , таа рече.

Опра Винфри, која во јануари ќе наполни 70 години, вели дека сега има подобро разбирање за тоа како да одржува здрава тежина на долг рок и дека еднаш засекогаш се ослободила од срамот.

Преземајќи холистички пристап кој вклучува редовно вежбање и други промени во животниот стил, Винфри не крие дека во својата исхрана додала и лекови за слабеење.

инстаграм

Рехабилитацијата од операцијата на коленото во 2021 година го означила почетокот на нејзиното патување кон слабеењето.

„По операцијата на коленото, почнав да одам и да поставував нови цели секоја недела. На крајот, можев да одам пет до осум километри секој ден и 16 километри за време на викендите. Се чувствував посилно и поживо од порано.“  рече таа.

Винфри објасни зошто почнала да зема лекови за слабеење:

„Знаев за лековите за слабеење, но чувствував дека треба да докажам дека имам волја да го направам тоа [да изгубам тежина] сама. Сфатив дека сиве овие години се обвинувам себеси за прекумерната тежина, но имам предиспозиција што не може да ја контролира ниту една количина на волја. Дебелината е болест. Не е прашање на волја“.

Винфри вели дека штом „се помирила со науката“, „го изгубила срамот поради телесната тежина“ и се консултирала со својот лекар, кој ѝ препишал лекови за слабеење.

„Сега ги користам кога чувствувам дека ми треба како средство да не се опуштам во храната“, рече таа, но не го именуваше лекот што го земала.

„Фактот дека имам рецепт одобрен од лекар во мојот живот за да ослабам и да останам здрава го чувствував како олеснување, како откуп, како подарок, а не нешто од што треба да се кријам и повторно да ме исмејуваат. Целосно расчистив со срамот “, изјави ТВ водителката.

Винфри е свесна за возбудата околу нејзиното слабеење, особено откако популарноста на лековите за слабеење како што се Вегови, Оземпик и Мунџаро е зголемена. Но, таа нагласува дека за неа тоа не било магичен лек или единствено решение и не можела да изгуби толку многу килограми само со лекови. „Знаев дека ако не вежбам и ако не се грижам за сите други работи, нема да успеам“, вели таа.

Опра призна дека земала лек за слабеење и пред Денот на благодарноста бидејќи знаела дека има „две недели добра исхрана пред неа“. И „наместо да се здебелам 3,5 килограми, како минатата година, се здебелив 200 грама“.

Иако, како што вели, сега има само уште три килограми повеќе од нејзината целна тежина од 72 килограми, Винфри вели дека „не се работи за бројките“. Наместо тоа, таа ужива во напредокот што го постигна во последните две години по операцијата. „Како да ми е дадена втора шанса да живеам поисполнет живот“ – нагласува Опра.

 

Слични објави

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо

Музичар ја разоткри Тејлор Свифт: Ја излажа публиката, заработи милиони на турнејата, а цело време пееше плејбек!

Еспресо

(Фото) „Тебе не ти е гајле за мене“: Oсамна шокантна објава на Јована Јеремиќ поради која многумина мислат дека раскинала со Драган

Еспресо

Аца Лукас за Лепа Брена: „Продала три арени? Па таа веќе не може ни шоља кафе да наполни“

Еспресо
Се вчитува....