02:40 - 1 април, 2025

Она што не им успеа на ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА и ПРИНЦОТ ЧАРЛС ќе се обидат да го поправат Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Оние што ги следат случувањата на британскиот кралски двор се согласуваат во едно – дека таму не цветаат рози. Токму затоа се усвојува нова стратегија во која една од водечките улоги во јавноста би ја имала војвотката Кејт Мидлтон.

Минатата недела кралицата Елизабета се опоравуваше од ковид, а принцот Чарлс и сопругата Камила беа на одмор надвор од земјата, па главна ѕвезда во кралското семејство беше Кејт Мидлтон, за која упатените тврдат дека е доста подготвена да врши самостојни ангажмани, што се докажа за време на нејзината посета на Данска.

Војвотката имаше прилика да го докаже тоа пред неколку дена кога сама отпатува во Копенхаген и одлично се снајде во извршувањето на многубројните задачи. Пред сѐ, таа се покажа во поопуштено светло, што многумина го припишуваат на отсуството на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, кој најчесто ја придружува на настаните и ја држи во негова сенка.

Моментот со кој војвотката ја одушеви јавноста се случи во фабриката за лего коцки која била дел од нејзината агенда. Таа се спуштила со тобоган на детско игралиште, се дружела со децата, и цепела дрва, а се верува дека вакви активности во иднина ќе има сѐ повеќе. Според експертите, новата стратегија на кралското семејство е Кејт и Вилијам да се насочат кон она што не им успеа на неговите родители, принцот Чарлс и принцезата Дијана.

„Во годините што следат принцот Вилијам и војвотката Кејт заедно ќе одат на бројни турнеи, но секој од нив ќе се фокусира на посебни задачи во тек на патувањето“, тврдат подобро упатените и додаваат, „Сепак, таквиот пристап може да се соочи со некои тешкотии во извршувањето. Речиси е сигурно дека во такви случаи медиумите првенствено ќе ја следат Кејт, додека принцот Вилијам ќе делува како здодевна фигура во сино одело. Разликата помеѓу Вилијам и неговиот татко, на кого тоа многу му пречеше, е голема. Принцот Вилијам сосема го разбира интересот на јавноста за неговата убава сопруга. Јасно му е дека тоа се суштински одлуки за иднината на кралското семејство и не им се спротивставува.“

Иако навидум нежна и повлечена, 40-годишната војвотка од Кембриџ одлично се снаоѓа во извршувањето на кралските должности. Нејзин главен делокруг на работа се децата со кои комуницира со неверојатна леснотија, веројатно зашто и самата е мајка на три деца.

Без оглед на нејзината популарност, Кејт знае да се повлече кога треба и да го стави нејзиниот сопруг во центарот на вниманието.

 

 

Слични објави

(Фото) Братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ и сопругата уживаат во луксуз: Ѕирнете во внатрешноста на нивниот приватен авион

Еспресо

Поради семејната трагедија Вики Миљковиќ се повлекува од „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој ќе ја заменува во жирито

Еспресо

Раскинувањето ѝ го скрши срцето на Рада Манојловиќ: „Не станав од кревет, сестра ми ми носеше храна“

Еспресо

(Фото+видео) Голема прослава за роденденот на Виктор Живојиновиќ: Брена запеа, пристигна торта со огномет, „падна“ и бакнеж со неговата девојка

Еспресо

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо
Се вчитува....