13:32 - 7 април, 2026

Оливера Наковска Бикова се враќа со злато од Светското првенство во стрелаштво ФОТО

Оливера Наковска Бикова денеска го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин, Обединетите Арапски Емирати и титулата светски шампион во дисциплината П4-пиштол слободен избор на 50 метри.

Таа постигна огромен спортски успех за Македонија, а беше предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски.

Со овој резултат таа обезбеди и настап на Параолимписките игри (ПОИ) во Париз во 2024 година.

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитки до нашата параолимпијка Оливера Наковска Бикова од Битола.

– Искрени честитки за македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова за освоениот златен медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион. На Оливера и на сите параолимпијци им посакувам успеси и во иднина. Вие сте нашата гордост, пример како се бранат македонските бои и најголем промотор на Република Северна Македонија во светот, истакна Ковачевски во честитката на социјалните медиуми.

 

Слични објави

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.
Се вчитува....