-4.2 C
Скопје
04:30 - 19 февруари, 2026

Одлуката била тешка, но семејството пресудило: Познато е каде Ана Ивановиќ со синовите ќе живее по разводот од Швајнштајгер

Пред неколку месеци, поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ го заврши својот деветгодишен брак со поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, со кого има три сина, Лука, Леон и Тео.

Иако сите недвижности стекнати во текот на бракот им се оставени на нивните синови, а Ана и денес престојува во семејната куќа во Австрија, таа е сè почесто присутна во родниот Белград, каде што живеат членовите на нејзиното семејство.

Прашањето каде ќе живее Ана Ивановиќ по разводот од Бастијан често се поставуваше во јавноста и додека сите веруваа дека нејзиниот примарен дом ќе остане куќа во Австрија, таа е сè поблиску до одлуката да се пресели во Белград, пишува српски „Курир“.

– За Ана, Белград не е само место каде што пораснала, тоа е чувство на припадност, топлина и ритам на градот, што ниедна светска метропола не може да го замени. По напорната спортска кариера и години живот во странство, природно е што таа сè повеќе го цени мирот, стабилноста и близината на своите најблиски.

Враќањето во Србија, барем делумно, бидејќи таа има обврски во Германија и Шпанија, поради кои сепак ќе мора да оди таму, изгледа како сигурен чекор во наредниот период. Во нејзиниот случај, семејството игра голема улога во таа одлука. Сите тие живеат во Белград. За неа е важно да реши уште некои други прашања, на кои веќе работи. Не навлегував во деталите, но знам дека сè оди во насока на нејзино дефинитивно враќање. Откако се разведе, таа е многу повеќе посветена на своето семејство и деловните проекти што ги води зад рефлекторите – изјавил извор близок до поранешната тенисерка за „Курир“.

Ана Ивановиќ во Белград поседува луксузен стан во населба каде што нејзини соседи се бројни познати личности, вклучувајќи го и Новак Ѓоковиќ, со кого повторно воспоставила блиска врска.

Нејзините родители и брат исто така имаат станови во близина на споменатата населба, што е од огромно значење за неа при донесувањето одлука да се врати во Белград по девет години.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....