11.8 C
Скопје
11:15 - 24 март, 2026

Објавена е листата на ѕвезди кои доаѓаат на крунисувањето на Чарлс Трети: Кој од кој попознат….

Холивудскиот актер Том Круз и актерката Џоан Колинс се последните во низата ѕвездени имиња кои ќе присуствуваат на концертот во чест на крунисувањето на Чарлс Трети на 7 мај, пишува „Би-би-си“. Авантуристот Бер Грилс и Сер Том Џонс, исто така, ќе им се придружат во претходно снимените сцени за да го прослават крунисувањето на кралот и кралицата. Концертот во недела на 7 мај ќе се одржи во замокот Виндзор пред 20.000 луѓе, а ќе го пренесува телевизијата и радиото „Би-Би-Си“.

Ќе бидат претставени и претходно снимени видеа за кои се вели дека откриваат помалку познати факти за монархот.

Концертот ги вклучува и Take That, Кети Пери, Лајонел Ричи, како и класични уметници меѓу кои Андреа Бочели и велшкиот бас-баритон Сер Брин Терфел. Ќе присуствуваат и музичарите Палома Фејт, Оли Мурс, рок гитаристот Стив Винвуд, Никол Шерцингер од Пусикет Долс и кинескиот пијанист Ланг Ланг, заедно со нигерискиот пејач и текстописец Твин Севиџ, потоа диџејот Пит Тонг и победникот на популарната емисија „Британија има талент“. Холивудската ѕвезда Сонам ​​Капур исто така ќе се појави со говор.

– Со неверојатната позадина на замокот Виндзор, тоа ќе биде вечер полна со незаборавни моменти во кои ќе можат да уживаат нивните височества и сите во Обединетото Кралство – најави Кејт Филипс, директорка на Би-Би-Си.

Покрај овие вести, Бакингемската палата објави три нови официјални портрети на кралот Чарлс и неовата сопруга Камила.

Крунисувањето на кралот ќе се случува следната сабота.

Слични објави

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.

Миро Кацаров во прегратка на двете деца, посебна слика на водителот со Тадеј и Миа

msp-admin

„Тогаш Бог почнува…“: Лазиќ ноќеска објави снимка од дворот во Брестач

E.A.

Живеевме заедно со Ивона Јо: Тамара Волческа се отвори за несогласувањата со пријателката

msp-admin

Дневен хороскоп за 24 март: Денеска е вистински ден за справување со тешки задачи

apostolova

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо
Се вчитува....