7.8 C
Скопје
18:14 - 28 март, 2026

Новогодишна исповед на Марија Шерифовиќ: „Ќе има големи проблеми во воспитувањето на Марио“

Марија Шерифовиќ направи осврт на годината што изминува, која, како што вели, ѝ донела и убави и тешки моменти. И покрај сè, на крајот од секој ден, вели дека најважно е да се каже – „благодарам“.

Најголема радост и смисла во нејзиниот живот денес е синот Марио, додека најцврстата поддршка и потпора ѝ е мајката Верица Шерифовиќ. МСинот Марио е нејзината секојдневна авантура, а деновите со него се динамични и исполнети.

„Тој е неверојатно весел, неустрашлив и полн со енергија. Љубезен, но и безобразен – никој не може да му се налути“, раскажува Марија, додавајќи дека токму тоа ќе биде најголемиот предизвик во неговото воспитување. „Мислам дека ќе има многу проблеми, затоа што е пресладок и премногу шармантен.“

Таа открива дека секој ден со Марио е авантура, а дури и во авион ѝ било кажано дека има „многу активно бебе“. И покрај сè, со насмевка истакнува дека Бог и ангелите го чуваат.

Кога станува збор за воспитувањето, Марија смета дека најважна е златната средина – ниту престрога, ниту премногу попустлива. „Децата се различни и секое бара свој пристап. Само не сум за ‘gentle parenting’ – да го прашувам дете од седум години што мисли и чувствува.“

Посебна улога во животот на Марио има и мајката на Марија, Верица Шерифовиќ, која таа ја опишува како исклучително пожртвувана баба и најголема поддршка во секојдневието.

Слични објави

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо
Се вчитува....