6.6 C
Скопје
04:09 - 1 април, 2026

Нови детали од личниот живот на Лијам Нисон: „Завршив со запознавањата и излегувањата“

Во животот на познатиот британски актер Лијам Нисон имаше еден брак и неколку романси. Во новото интервју за Пипл, тој признава дека по трагичната смрт на неговата сопруга, „завршил со запознавањето и излегувањето“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

72-годишниот актер, кој е вдовец веќе 15 години, за романтичните врски рече: „Веќе го поминав сето тоа“. Познато е дека неговата сопруга, актерката Наташа Ричардсон, која играше во холивудските филмови „The Parent Trap“ и „Madam Maid“, почина во 2009 година на 45-годишна возраст. Престојувајќи во ски-центарот Мон-Тремблант во Квебек, Ричардсон се здобила со сериозна трауматска повреда на мозокот, зашто не носела кацига. Лијам во тоа време бил во Торонто на снимање. Актерката беше пренесена во Њујорк, каде почина два дена подоцна во присуство на нејзиното семејство.

Двојката се венча во 1994 година и има два возрасни сина: 29-годишниот Мајкл и 28-годишниот Даниел. Најстариот син, Мајкл, го смени презимето во Ричардсон во 2018 година во чест на неговата покојна мајка и во 2020 година глумеше со својот татко во комедија-драмата „Произведено во Италија“. На прашањето дали неговиот син ги следи стапките на неговите родители, Лијам рече: „Мислам дека Наташа би била горда. Се надевам дека е така“.

Подоцна, актерот се обиде да започне нова врска. Од 2010 до 2012 година тој излегуваше со менаџерката за односи со јавност Фреја Сент Џонстон, но романсата заврши бргу. И пред да се ожени за Ричардсон, ѕвездата од „Шиндлеровата листа“ имаше романтични врски со многу холивудски ѕвезди, вклучувајќи ги Барбра Стрејсенд, Брук Шилдс и Хелен Мирен.

Меѓу другото, Лијам (72), глумецот кој публиката најмногу го памети како актер од акционите филмови, изјави дека планира да престане да се занимава со вакви улоги.

-Имам 72 години. Мора да престане во некоја фаза. Не можете да ја измамите публиката. Не сакам каскадер да ми ги прави сцените со борби, рече Нисон.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....