7.8 C
Скопје
23:59 - 13 март, 2026

Нови детали: Бредли Купер купи куќа во близина на Џиџи Хадид

Романсата на парот стана позната во есента 2023 година, кога неколку пати беа забележани на романтични средби.

48-годишниот холивудски актер Бредли Купер купил куќа во близина на семејната фарма на коњи на неговата девојка Џиџи Хадид (28) во Пенсилванија. За ова пишува Page Six.

Ѕвездата на филмското платно и супермоделката со палестинско потекло ја започнаа својата романса во октомври 2023 година, откако наводно биле запознаени од поранешната љубов на Бредли, Ирина Шајк (37).

Извор изјави за „Пејџ сикс“ дека актерот, кој и самиот е роден во Пенсилванија, неодамна купил дом во округот Бакс. Не е далеку од фармата на мајката на Џиџи, Јоланда Хадид. Куќата на Бредли е вредна 4 милиони долари и се наоѓа во Њу Хоуп, град со помалку од 3.000 жители.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)

Мајката на Џиџи се преселила на ранчот во 2017 година. Џиџи пак, за време на ковид-пандемијата помина голем дел од времето токму тука, на живописната локација, и таму, наводно, ја родила својата тригодишна ќерка Хеј, дете од врската со пејачот Зејн Малик.

Џиџи со ќерка си, Инстаграм

 

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....