08:13 - 9 април, 2026

Нова љубов или пријателство? Шарлиз Терон се зближи со поранешното момче на Хали Бери

Глумицата Шарлиз Терон во последно време се дружи со Габриел Обри, манекен кој бил во врска со Хали Бери и со која ја има 14-годишната ќерка Нахлу, а го поврзуваа и со Ким Кардашијан.

Според добро упатени холивудски извори, русокосата актерка и манекенот станале многу блиски, објави Us Weekley.

„Досега сè е многу лежерно и тие уживаат во дружењето. Засега врската е несериозна и се оди добро“, вели еден извор за новиот маж во животот на 46-годишната оскаровка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlize Theron (@charlizeafrica)

Шарлиз и Габриел веќе беа поврзувани во 2017 година, но Терон ги демантираше гласините дека се во врска.
„Никогаш не го запознав. Го сретнав на околу три секунди. Поминав и реков: ‘Здраво!’ затоа што нашите деца одат во исто училиште“, изјави тогаш актерката.

Терон е мајка на две ќерки, Џексон (10) и Август (8) кои ги посвоила во 2012 и 2015 година.

Шарлиз Терон, откако раскина со Шон Пен во летото 2015 година, медиумите не ја поврзуваа со никого.

„Бев на неколку состаноци, но не сум се забавувала со никого повеќе од пет години“, рече Шарлиз како гостин во емисијата на Дру Баримор во септември 2020 година.

Тогаш добитничката на Златен глобус изјави дека е подготвена да запознава нови луѓе, но и дека е задоволна од својот живот.

„Искрено можам да го кажам ова за мојот живот: не се чувствувам осамено“, рече Шарлиз Терон.

Шарлиз беше во врска со фронтменот на „Third Eye Blind“, Стефан Џенкинс од 1998 до 2001 година, а потоа и со актерот Стјуарт Таунсенд, со кого беше во врска од 2001 до 2009 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlize Theron (@charlizeafrica)

Слични објави

Хороскоп за 9 април: Вагите прават избор што носи мир, Овните конечно добиваат јасен знак

Еспресо

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.
Се вчитува....