7.8 C
Скопје
21:44 - 31 март, 2026

Нов бран на македонски музичари – Гола Планина Колектив: „Ако не сега, кога? Ако не ние, кој?“

Пристигна и новиот бран на македонски уметници. Гола Планина Колектив официјално од оваа година стана независна мрежа на новата музичка сцена во Македонија. Понатаму и уметничката сцена (соработката со Факултетот за ликовни уметности).

Тимот на колективот, со нивното онлајн лансирање, порача: „Ако не сега, кога? И ако не ние, кој? – Пресреќни сме да ве известиме дека Гола Планина колектив во 2023 година прераснува во независна музичка мрежа/медиум на новиот бран во Македонија. Имаме нови изведувачи и бендови, се ребрендиравме со нов визуелен идентитет, нови проекти и замислувања за иднината, сеуште ги застапуваме идеалите на нашиот колектив и продолжуваме активно да ја следиме сцената!“

Изминатиот викенд, на 11 февруари (сабота) во Буква, го промовираа нивното прво физичко издание во соработка со списанието „Умник“. Се работи за музичка ЦД компилација од повеќе артисти или Голопланинци, како што и самите се нарекуваат. Изданието се продава со списанието „Умник“, во ограничени количини. Компилацијата е достапна на Spotify и Bandcamp, наскоро и на YouTube.

Гола Планина Колектив најавија уште изданија и богата музичка програма за оваа година. Поддршка за новиот музички бран и младиот колектив можете да направите со следење и споделување преку социјалните мрежи, додека чекаме најава за нивните настани.

 

 

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....