7.8 C
Скопје
23:04 - 30 март, 2026

НИНА БАДРИЌ си ја отвори душата за своите емоции: „Сакам пак да ја почувствувам ТАА страст!“

Многу мажи воздивнуваат по хрватската пејачка Нина Бадриќ, но таа – вели – не паѓа на додворувачи. Вели дека не е лесно да ја освоиш, но сепак не бара многу од партнерот.

Нина за „Супер ТВ“ искрено проговори за посилниот пол и откри дека е емотивна како и нејзините песни.

Дали прифаќа порази во љубовта?

– Нема што да не прифатиш, ако се случи најдобро што можеш ги преболуваш, животот го поминуваш со уште едно искуство. Јас сум емотивна, чувствителна, нежна, без разлика како изгледа, но секој од нас става маска. Мојата маска е хуморот – одговори Нина.

Понатаму таа објаснува дека воопшто не паѓа на додворувачи. „Мојот најголем проблем во животот е што ми е тешко да се заљубам. Последен пат се вљубив пред 10 години. Би сакала повторно да ја почувствувам таа страст и љубов кон партнерот. Кога си во години, тешко човек може да те освои освен ако не е добар и квалитетен“.

На прашањето што треба да има нејзиниот партнер, таа е искрена – „Не знам, да знаев да одговорам на тоа прашање, ќе одговорев за милион долари (се смее). Паѓам на добрина, на центлмени, на фраери од стар ков, кои речиси веќе ги нема. Не сакам непристојни и арогантни мажи. Не мислам дека некого повеќе сакаш ако го навредиш. Не паѓам на тие трикови. Тој не мора да биде милијардер, само човек кој има своја работа и професија во која ужива. Всушност, најважно е да се биде на иста бранова должина – додала пејачката.

А што се однесува до физичкиот изглед и колку е тој важен за една пејачка, Нина објаснува – Живееме во време кога многумина се нарекуваат пејачи, тогаш попрво молчам отколку да се расправам со некого и да почнам да објаснувам дека нема врска со музика. Што значи да се има добар задник или гради? Сите големи музичари кои ги одбележаа генерациите беа нормални луѓе кои ја ставија својата душа на тацна пред публика. Тоа е единствено важно, другото е естрада“, заклучува Нина.

(ВИДЕО) Нина Бадриќ се пофали со куќата на Хвар, погледнете како пејачката го уреди својот втор дом

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....